Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Ѓуроски: Покажавме карактер и заслужено го завршивме циклусот без пораз

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација ја комплетираше првата фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029 на најдобар можен начин – со шест победи во шест натпревари. Последната ја оствари на гостувањето во Луксембург (80:66), каде и покрај скратениот ростер и неколкуте отсуства, одигра уште еден сигурен и зрел натпревар.

Еден од најискусните репрезентативци, Стојан Ѓуроски, по натпреварот истакна дека токму карактерот и односот кон играта биле пресудни Македонија да го задржи максималниот ефект до самиот крај на претквалификацискиот циклус.

– Тежок натпревар за нас, без неколку играчи и со скратен ростер. Мило ми е што покажавме карактер и влеговме максимално во натпреварот, без разлика што за нас немаше резултатско значење. Многу е тешко да се победат шест од шест натпревари во едни квалификации, што го покажува и фактот дека ние сме единствената репрезентација без пораз. Битно е што некои играчи добија шанса поради отсуството на други поединци и максимално ја искористија таа можност. Со тоа покажаа дека иднината на македонската кошарка е светла – изјави Ѓуроски.

Македонија ја заврши првата фаза од претквалификациите како убедливо првопласирана во групата „А“, со максимален учинок од шест победи, и со голем оптимизам ќе го очекува стартот на втората рунда од квалификацискиот циклус, која започнува на 27 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот