Фото: EPA-EFE/Szilard Koszticsak HUNGARY OUT

Унгарскиот парламент изгласа разрешување на претседателот, ќе нема ниту „вечни“ пратеници

„Операција Чистилиште“ се однесува на разрешување на Тамаш Шујок од функцијата претседател на Унгарија, разрешување на претседателот на Уставниот суд и на тројца други уставни судии.

Унгарскиот парламент гласаше за уставен амандман што овозможува разрешување на претседателот на Унгарија и на претседателот на Уставниот суд, објавија унгарските медиуми.

Вечерва унгарскиот парламент го усвои 17-тиот уставен амандман за измена на Уставот на Унгарија. Овој амандман, кој беше поднесен пред три недели од премиерот Петер Маѓар под името „Операција Чистилиште“, се однесува на разрешување на Тамаш Шујок од функцијата претседател на Унгарија, разрешување на претседателот на Уставниот суд, Петер Полт, и на тројца други уставни судии.

Уставниот амандман, меѓу другото, го ограничува и мандатот на пратениците на 12 години (односно три мандати), што значи дека ниту претседателот на Фидес, поранешниот премиер Виктор Орбан, ниту повеќето од сегашните пратеници на опозицијата нема да можат да бидат избрани во парламентот.

Пратеничките групи на Фидес и КДНП ја бојкотираа денешната парламентарна седница и гласањето за уставниот амандман. Во знак на протест, Гергеј Гујас поднесе оставка од функцијата шеф на парламентарната група на Фидес. Десничарската опозициска парламентарна партија „Наша татковина“ (Mi Hazánk) се воздржа од гласање за уставниот амандман.

Унгарскиот парламент ќе гласа за смена на претседателот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот