Остатоци од озлогласената група „Вагнер“ дилаат „кокаин за сиромашни“ и шверцуваат злато во Африка
Поранешни членови на руската платеничка група „Вагнер“ во Централноафриканската Република се етаблираа како главни шверцери на злато и дилери на дрога, надвор од дофатот на безбедносните сили, па дури и на Москва,пишува „Волстрит журнал“.
Препорачано
Неколку стотици членови на таа група, под водство на Павел Пригожин, син на основачот на групата, Евгениј Пригожин, ја водат нелегалната трговија со „трамадол“, лек против болки кој станува стимуланс во поголеми дози, па затоа често се нарекува кокаин за сиромашните. Иако препорачаната доза е 50-100 милиграми, таблети од 200 милиграми или повеќе се широко продаваат во Централноафриканската Република.
Најголемиот дел од „трамадолот“ се произведува во Индија, од каде што фармацевтските компании го извезуваат во Република Конго, а шверцерите го транспортираат по реката Убанги до Централноафриканската Република.
„Трамадолот“ се продава под различни имиња, вклучувајќи „трамал“, „трамедо“, „трамаке“ и „зидол“, а употребата на оваа дрога може да резултира со зависност, напади и намалена будност.
Трговијата со трамадол во земјата и соседните земји е еден од главните извори на финансирање за остатоците од групата „Вагнер“ во Централноафриканската Република, која е исто така вклучена во нелегалниот извоз на злато, од што заработува околу 180 милиони долари годишно, според Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал.
Според „Волстрит журнал“, групата Вагнер ја зајакнала својата контрола врз шверцот со дрога во последните месеци, а „трамадол“ наводно им се испорачува на членовите на претседателската гарда и провладината милиција „Ајкули“. Медиумите, исто така, ги цитираат изјавите на поранешен вработен во групата „Вагнер’, кој ја потврдил информацијата.
Остатоците од групата „Вагнер“ во Централноафриканската Република се толку интегрирани во политичкиот и безбедносниот апарат на таа земја што Москва, дури и по официјалното распуштање на целата група и пензионирањето на нејзините членови, испраќајќи ги во редовната армија или некои други организации, не беше во можност да ги стави под целосна контрола.
Руската паравоена група „Вагнер“ повеќе не учествува во борбите во Украина


