Фото: архива

Голем пожар на паркинг во Велес, огнот зафатил најмалку шест автомобили

Голем пожар на паркинг во близина на Автобуската станица во Велес избувна избувна попладнево, а само брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од градот спречи поголема материјална штета.

Според пожарникарите, се запалила сува трева, која избил во еден автомобил, а потоа се проширил и оштетил најмалку шест паркирани возила, а горела и сува трева во околината.

Во интервенцијата учествувале едно противпожарно возило и тројца пожарникари, кои за кратко време успеале да го локализираат пожарот и да спречат негово понатамошно ширење кон останатите автомобили.

Од ТППЕ Велес повторно апелираат до граѓаните да не палат оган на отворено, особено во период на високи температури и сува вегетација, кога ризикот од пожари е значително зголемен.

Уапсени двајца за пожарот кај Рампа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот