Фото: EPA/STEPHEN BRASHEAR

Јури Тилеманс е нов фудбалер на Манчестер јунајтед

Поранешниот играч на Астон Вила, Јури Тилеманс од следната сезона ќе игра Манчестер јунајтед, објавија во вторникот англискиот фудбалски клуб.

Тилеманс потпиша петгодишен договор со Манчестер јунајтед, кој, како што објави Би-Би-Си, ја плати откупната клаузула од 35 милиони фунти за 29-годишниот белгиски играч од средниот ред.

Играше за Астон Вила од 2023 година, а оттогаш има вкупно 134 настапи, постигнувајќи 10 гола и запишувајќи 25 асистенции за клубот од Бирмингем.

Тој ја освои титулата во Лигата на Европа со Астон Вила оваа година, а беше прогласен и за играч на годината на клубот за сезоната 2024/25.

Пред да се приклучи на Астон Вила, тој играше за Лестер, Монако и Андерлехт, а е и капитен на белгиската репрезентација, за која одигра вкупно 90 натпревари и постигна 15 голови.

– Потпишувањето договор со толку посебен клуб е неверојатно чувство, тоа е круна на долгогодишна посветеност, од моментот кога се заљубив во фудбалот. Имав привилегија да постигнам успех во овој спорт, а тоа само дополнително ја зајакна мојата желба за нови достигнувања. Амбициите на сите во клубот се сосема јасни – сите сме решени да се бориме за најголемите трофеи во наредните години – рече Тилеманс.

Тилеманс дојде во Манчестер јунајтед по настапот на овогодинешното Светско првенство, каде што ѝ помогна на белгиската репрезентација да стигне до четвртфиналето, во кое не играше поради повреда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот