Од претходна акција на иницијативата, фото: Фото: „Стоп за Усје“

„Стоп за Усје“ на средба со Министерството за животна средина побара Цементарницата да се гасифицира и да работи по европски стандарди

Иницијативата „Стоп за Усје“ информира дека вчера, по повеќемесечно настојување, конечно се сретнале со претставници на Министерството за животна средина, каде побарале Цементарницата постојано биде следена што испушта од своите оџаци, во производството да премине кон почисти енергенси, но и целата нова дозвола да биде по европски стандарди.

„Средбата ја оценуваме како позитивен прв чекор и почеток на директна комуникација со институцијата, што се надеваме дека ќе остане така и понатаму. Побаравме А-интегрираната дозвола (на ‘Усје’) да биде по ЕУ-стандарди, очекуваме гасификација на фабриката, како и мерни станици, односно CEMS-систем кој 24 часа во реално време ќе го мери загадувањето на фабриката“, соопштија од иницијативата.

Од МЖСП добиле уверување дека за европските стандарди и CEMS-системот, а притоа ќе се разгледа можноста за гасификација.

„Сега очекуваме овие заложби да бидат преточени во конечната дозвола, а ние ќе продолжиме внимателно да го следиме процесот“, нагласија од иницијативата.

Во очи на процесот за новата А-интегрирана дозвола за Цементарницата, иницијативата на неколку пати досега бараше да се акредитира и државната лаботаторија за да го мери аерозагадувањето. Додека не се акредитира, таа е практично неупотреблива во борбата против загадувањето, а мерењата на индустриските капацитети ги прават приватни комерцијални лаборатории.

Исто така, еко-активистите бараа да се стави во функција мерната станица во Кисела Вода, да се ревидираат постојните мерки за прогласување вонредна еко-состојба, но и важечките гранични вредносни за опасните честички и супстанции да се усогласат со препораките на Светската здравствена организација.

Од друга страна, „Усје“ на повеќе пати повторуваа  дека навремено и транспарентно ги спровеле сите постапки за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола, а во изминатите години инвестирале во современи технологии и опрема за заштита на животната средина.

Цементарницата бара да продолжи да ги труе скопјани со застарени стандарди, обвини „Стоп за Усје“ пред денешниот протест

„Стоп за Усје“ со нова акција пред Министерство за животна средина: „Одлучете дали ќе застанете покрај здравјето или зад профитот“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот