Топло време - 26,06,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Топло време - 26,06,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Сончево време, попладне можен дожд со грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 Целзиусови степени, а дневните ќе достигнат од 27 до 38 степени.

Попладне во одделни делови од земјата ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд и со грмежи.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а во попладневните часови во делови од котлината се можни краткотраен пороен дожд и грмежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот