Почина грчката филмска дива Маро Конду — обожавател се обидел да ја посети во болница, носејќи цвеќе и нож
Грција се збогува со една од своите најголеми уметници. Легендарната актерка Маро Кондо, жена која со децении ја освојуваше публиката со својот шарм, елеганција и извонреден талент, почина на 92-годишна возраст. Веста за нејзиното заминување ги погоди членовите на нејзиното семејство, колегите и бројните обожаватели што ја сакаа уште од нејзините први големи улоги.
Препорачано
View this post on Instagram
Актерката Маро Конду, која починала во онколошка болница, остави неизбришлив белег во грчкиот филм и театар, а за многу генерации засекогаш ќе остане симбол на една посебна ера – време кога грчките комедии и драми ги освојуваа срцата на публиката. Нејзината здравствена состојба се влошила во последните денови. На 15 јуни, актерката била примена во болницата „Атикон“ поради сериозен проблем со белите дробови, по што, по неколку дена, била пуштена на домашно лекување. Меѓутоа, набрзо повторно била хоспитализирана, овој пат во Општата онколошка болница во Атина „Агиос Савас“, каде што вчера починала.
View this post on Instagram
Последните денови на легендарната актерка
Болницата „Агиос Савас“ објавила официјално соопштение во кое е наведено дека дошло до сериозно влошување на нејзината здравствена состојба и дека лекарите направиле сè за да ѝ помогнат.
– Со длабоко жалење ве известуваме дека денеска, 15 јули 2026 година, во утринските часови, познатата актерка Марјанти (Маро) Конду почина во Општата онколошка болница во Атина „Агиос Савас“, по сериозно влошување на здравствената состојба, и покрај упорните напори на лекарите кои ја лекуваа – се наведува во соопштението на болницата.
Необичен настан во болница
Во текот на нејзиното лекување во болницата „Атикон“, се случил необичен инцидент. Постар маж се обидел да влезе во собата каде што била сместена актерката, носејќи саксија со цвеќе и нож. Полицијата реагирала и го привела во станицата за да ги утврди околностите на настанот.
Подоцна, во изјавата за грчката телевизија, тој тврдел дека немал намера да предизвика проблем, ниту да ѝ се заканува на актерката на кој било начин. Објаснил дека ножот го носел за лична заштита кога бил надвор навечер и дека тоа не било поврзано со неговата посета на Маро Конду.
View this post on Instagram
Жената што ја обележа грчката кинематографија
Шармантна, нежна и исклучително талентирана, Маро Конду беше едно од најпрепознатливите лица на грчкиот филм. Речиси шест децении, таа ги красеше театарските сцени и филмските платна, а со својот талент успеа подеднакво да ја освои публиката во комедии, драми и сериозни уметнички остварувања.
За Грците таа засекогаш ќе остане нивната сакана Еленика од култниот филм „Жената не треба да се плаши од мажот“, но и незаборавна хероина од бројни остварувања што станаа дел од културното наследство. Нејзината природна елеганција и посебна харизма ја направија една од најомилените актерки на своето време.
View this post on Instagram
Остварила повеќе од 50 филмски улоги
Маро Конду е родена на 21 јуни 1934 година во атинската населба Кукаки. По потекло е од Псара и пораснала со мајка ѝ и баба ѝ, откако нејзиниот татко починал од туберкулоза кога имала само две години.
Првпат се појавила на филм во 1954 година во продукцијата „Среќен почеток“, по што следеле бројни главни улоги.
Глумела во повеќе од 50 филмови, вклучувајќи ги и „Жолти ракавици“, „Мојот пријател Лефтеракис“, „Антигона“ и култниот филм „Жената не треба да се плаши од мажот“.
Посебно место во нејзината кариера зазема соработката со режисерот Јоргос Кавелас, кој ѝ ги доверил некои од најважните улоги.
View this post on Instagram
Љубов и политика
Маро Конду била двапати во брак – со директорот на фотографија Аристидес Каридис Фукс и со експертот за маркетинг Јоргос Доксас.
Покрај глумата, таа се занимавала и со политика. Била советничка во градската администрација на Атина, претседателка на градската радио станица „Атина 9.84“, а и пратеничка во грчкиот парламент.
Почина актерот Сем Нил, ѕвездата на филмовите „Паркот Јура“ и „Пијано“


