Илустрација / Салата - Фото: Pexels

Нискокалоричен појадок со одличен гликемиски баланс — нутриционистката Емилија ни сподели рецепт за совршена салата

Во топлите денови, често имаме потреба од оброци кои се брзи за подготовка, не го оптоваруваат организмот, а истовремено ни даваат енергија. Водејќи се од она, дека правилната исхрана не е краткотрајна диета туку начин  за здрав живот , енергија и самодоверба, нутриционистката Емилија Спасовска Мојсовска ни сподели идеален рецепт за овој топол период од годината.

Без разлика дали имате цел да ги намалите килограмите, да го подобрите здравјето или да внесете поголем баланс во секојдневието, овој лесен оброк е одличен чекор кон тие здравите навики.

Салата – Фото: Pexels

Рецепт: Топла салата од варен сладок компир и јајце на око

Оваа хранлива комбинација е идеална за почеток на денот, нуди долготрајна ситост и одлично ниво на енергија.

Состојки:

  • 1 мал сладок компир
  • 1 јајце
  • Рукола или свежа зелка
  • Маслиново масло, сенф, сол, бибер

Подготовка:

Компирот се вари, се сече на коцки и во подлабок сад се меша со свежата зелка или рукола. Одозгора се додава едно претходно подготвено јајце на око.

Совет за сервирање:

За комплетен летен вкус и дополнителна арома, прелијте ја салатата со едноставен дресинг подготвен од малку маслиново масло и сенф, па зачинете со сол и бибер по вкус.

Илустрација / Салата – Фото: Pexels

Хранлива вредност (по порција):

Благодарение на внимателно избраните состојки, овој оброк нуди одличен баланс на макронутриенти со контролиран број на калории:

Нутритивен профил Вредност

  • Калории 250
  • Протеини 8 грама
  • Јагленохидрати 30 грама
  • Масти 10 грама

Уживајте во вкусот на здравјето и леснотијата ова лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот