Кафе и таблети/Фото: Agnieszka Jastrzebska / Alamy / Profimedia

Ова овошје не треба да се комбинира со лекови, особено не со оние за срцеви болести

Консумирањето грејпфрут не се препорачува кога земате одредени лекови, бидејќи терапијата може да се влијае на два начинада се намали концентрацијата на лекот во крвотокот или да се зголеми.

Освежително парче или чаша сок од грејпфрут може да има бројни здравствени придобивки, бидејќи е овошје богато со витамини А и Ц, како и корисни минерали како што е калиумот.

Сепак, треба да знаете дека ова популарно овошје може да влијае на ефектот на одредени лекови, пишува „ИФЛ саенс“.

Станува збор за лекови што се користат за лекување на висок холестерол, анксиозност и депресија, срцеви болести, како и лекови што спречуваат отфрлање на трансплантирани органи.

Грејпфрутот влијае на овие лекови на два начина:

Преголема количина на лекот

Кај одредени лекови, консумирањето грејпфрут може да доведе до невообичаено високи концентрации на лекот во крвотокот. Ефектот на грејпфрутот може да се разликува од личност до личност, но во некои случаи, количината на лек што стасува до крвотокот може да предизвика сериозни несакани ефекти.

На пример, во еден извештај за случај, пациент кој имал трансплантација на црн дроб и го земал лекот такролимус за да го намали ризикот од отфрлање на органи завршил во болница поради акутно оштетување на функцијата на бубрезите.

Утврдено е дека во текот на една недела јадел околу 1,5 килограми мармалад, а се покажало дека половина од неговиот состав била од грејпфрут.

Како резултат на тоа, концентрацијата на лекот во неговиот крвоток била помеѓу 326 и 592 отсто повисока отколку што требало, што довело до оштетување на бубрезите.

Премала количина на лекот

Од друга страна, кај некои луѓе ова овошје може да доведе до тоа во организмот да има премала количина од лекот. Еден од најчестите лекови на кои грејпфрутот може да влијае на овој начин е фексофенадин, антихистамин кој се користи за лекување на поленска кивавица и уртикарија.

Последица на тоа е дека лековите како што е фексофенадинот може да бидат помалку ефикасни отколку што би требало.

Затоа се советува, ако не сте сигурни дали грејпфрутот може да влијае на дејството на лекот што го земате, проверете ги упатствата за лекот или консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот