Совршен летен оброк со малку калории — нутриционистката Емилија ни препорачува рецепт за зелени палачинки со спанаќ
Во топлите летни денови, често бараме оброци кои се лесни за подготовка, не го оптоваруваат организмот, а истовремено нè исполнуваат со енергија. Водејќи се од принципот дека правилната исхрана не е краткотрајна диета, туку начин на живот кој носи здравје, енергија и самодоверба, нутриционистката Емилија Спасовска Мојсовска споделува идеален рецепт за овој период од годината.
Препорачано
Без разлика дали вашата цел е слабеење, подобро здравје или поголем баланс во секојдневието, овој лесен оброк е совршен чекор кон тие здрави навики.

Рецепт: Зелени палачинки со спанаќ и овес
Оваа свежа и хранлива алтернатива на класичните палачинки е идеална за појадок или лесна ужина во топлите денови.
Состојки:
- 1 јајце
- 4 лажици овесно брашно
- 1 рака свеж спанаќ
- 50 мл растително млеко
- Прстофат сол и сода бикарбона
Подготовка:
Сите состојки се ставаат во блендер и се миксираат додека не се добие хомогена, зелена смеса. Потоа, на загреaна нелеплива тава се печат мали палачинки.
Совет за сервирање:
За комплетен летен вкус, послужете ги палачинките во комбинација со растителна паштета или хумус.

Хранлива вредност (по порција):
Благодарение на внимателно избраните состојки, овој оброк нуди одличен баланс на макронутриенти со многу малку калории:
Нутритивен профил
- Калории 180
- Протеини 9 грама
- Јагленохидрати 15 грама
- Масти 6 грама
Уживајте во вкусот на здравјето и леснотијата ова лето.
Емилија Спасовска Мојсовска, нутриционистка: Растителните влакна се клучот за хормонален баланс


