Кога да се спаси, а кога да се фрли храната од фрижидер? Науката има одговор
Повеќето од вас сигурно досега стоеле пред фрижидер држејќи нешто сомнително, прашувајќи се „да се јаде или не“ и правејќи брза ментална анализа на трошоците и придобивките помеѓу труењето со храна и несакањето да се фрлат остатоците од храната. Науката има некои упатства што ќе ви помогнат во тоа, пишува „Вајс“.
Препорачано
Истражувачите што пишуваат во магазинот „Конзервејшн“ поставиле практична рамка за да утврдат што може да се спаси, а што треба да се фрли. Накратко, сè што изгледа сомнително во вашата кујна не значи дека опасно – но нешто од тоа апсолутно е опасно, и постојат четири специфични знаци што значат дека треба да престанете да размислувате и едноставно да го фрлите.
Четири знаци дека храната се расипала:
– видлива мувла
– слуз
– течење на течности
– силни или кисели мириси
Силни или кисели мириси
Храната што ги има тие карактеристики може да предизвика труење со храна, и никакво креативно готвење не го решава тоа. Сè друго – збрчканост, потемнување, сувоста – обично тоа значи дека храната е бајата, а не опасност, и често постои нешто корисно што можете да направите со тоа.
Овошје
Кафеавите банани се во ред. Црните банани се во ред. Ставете ги во банана леб, палачинки или смути и продолжете понатаму. Само држете ги подалеку од вашето свежо овошје бидејќи постарите банани ослободуваат гас етилен, кој го забрзува зреењето на сè што е во близина. Збрчканите јаболка се добри за печење или динстање. Исушената кора од цитрусите може да се отстрани. Мувлата на поголемите цврсти плодови обично може да се исече во голем дел; мувлата на меко или мало овошје како бобинки значи дека целиот сад треба да го фрлите.
Зеленчук
Млитавиот, збрчкан зеленчук ја изгубил влагата, но не е расипан. Испечете го, испасирајте го, ставете го во супа. Овенатиот лиснат зеленчук обично може да „оживее“ со 30-минутно потопување во ладна вода. Цврстиот зеленчук како морковите и компирите може да има некои оштетени места, иако зелениот или из’ртениот компир не толку – тие содржат природни токсини кои не се добри во големи количини. Белата влакнеста површина на печурките обично е мицелиум, дел од кореновиот систем, а не мувла. Вистинската мувла од печурки се појавува во светлите кластери во сина, зелена, сива или жолта боја.
Житарки
Мувлосаниот леб секогаш се фрла ѓубре – мувлата брзо се шири низ порозните намирниц. Бајатиот, но без мувла леб може да се препече, да се претвори во крутони или да се сомеле во презла. Остатотоците од ориз и тестенини се во ред неколку дена, но треба брзо да се складираат и целосно да се подгреат. Сè што стои надвор два часа или подолго се фрла, бидејќи подгревањето не ги елиминира бактериите што се акумулираат на собна температура.
Млечни производи
Ако на млекото и јогуртот им е поминат рокот на траење, треба да се фрлата. Меките сирења со мувла се фрлаат целосно бидејќи коренот на мувлата можат да се прошири длабоко. Тврдите сирења како пармезан се попустливи – отсечете го мувлосаниот дел, а остатокот е генерално во ред.


