Мадон со Бенедикт Камбербеч во новиот спот „Confessions II“: Madonna / Ferrari / Profimedia

ВИДЕО | Мадона повторно шокира — објави спот со експлицитни сцени, собрала куп ѕвезди

Мадона (67) повторно докажа дека е кралица на поп-музиката. Таа продолжува да ги поместува границите, овој пат со новиот албум и со еден од своите најпровокативни спотови во последно време, во кое се појавуваат бројни славни личности, меѓу кои актерот Бенедикт Камбербач и супермоделот Кејт Мос.

Пејачката на неодамнешната премиера на филмот во Њујорк наговести дека овој формат ќе ги замени класичните музички видеа во нејзината нова ера.

Во речиси 14-минутното видео за „Confessions II“, Мадона во една сцена одвлекува момче во тоалет на ноќен клуб поради интимен момент.

Кралицата на поп-музиката во видеото клекнува пред момче додека трета личност шокирано ги набљудува преку врвот на кабината. Мажот потоа ја зграпчува Мадона за задникот и ја крева. Останува нејасно дали станува збор за експлицитна сцена или само за провокативен танц.

Краткиот филм е, всушност, промоција за нејзиниот претстоен албум „Confessions II“, а високобуџетното видео вклучува и појавувања на бројни ѕвезди, како што се Кејт Мос, Бенедикт Камбербач, Сабрина Карпентер, Одеса Е’зион, ќерката на Мадона Лурдес Леон, Џулија Гарнер, која треба да ја игра Мадона во претстојниот биографски филм. Во спотот се појавува и долгогодишната пријателка на Мадона, актерката Деби Мазар.

 

Обожавателите се воодушевени од видеоспот.

„Во ера во која доминираат песни од две минути и кратки видеа од 15 секунди снимени со мобилен телефон, Мадона ни даде десетминутно филмско музичко искуство исполнето со уметност и приказна“, напишал еден.

„Во време кога спотовите речиси и да не се важни, Мадона се појави со цел филм од шест песни. Вака порано изгледаа вистинските музички спотови – таа повторно ни покажува зошто е последната вистинска поп-ѕвезда“, додал друг.

Видеото следува откако пејачката предизвика внимание минатиот четврток со настапот во долна облека на „Прајд“ во Њујорк. На 4 јуни таа приреди спектакуларен концерт на њујоршкиот Тајмс Сквер, претворајќи го најпознатиот градски плоштад во огромен ноќен клуб под отворено небо. Во текот на настапот на сцената високо над публиката, Мадона изведе опасна точка. Таа смело ја замавна ногата преку проѕирната безбедносна ограда и се навали над собраната публика, делумно висела преку работ на сцената.

Настанот се одржа во рамките на одбележувањето на Месецот на гордоста, а Мадона пред илјадници обожаватели изведе дел од своите најголеми хитови, но и премиерно претстави песни од новиот албум „Confessions II“, кој ќе биде објавен на 3 јули.

„Здраво геј луѓе“: Мадона го претвори Тајмс Сквер во ноќен клуб со ненајавен концерт за Месецот на гордоста

Шакира, Мадона и „БТС“ ќе настапат на првото шоу на полувреме во историјата на Мундијалите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот