Стевчо Јакимовски / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

„Осуден сум политички“, вели Јакимовски откако доби пресуда со која мора да оди во затвор

Поранешниот градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, се огласи откако доби правосилна казна затвор од една година. Тој вели дека пресудата ја смета за политички мотивирана и дека е осуден не затоа што сторил кривично дело или ја злоупотребил службената положба, туку поради, како што рече, политички причини.

„Осуден сум политички. Не затоа што сум направил кривично дело или сум ја злоупотребил својата положба и овластувања, туку затоа што на некого му пречам“, рече Јакимовски на прес-конференција.

Тој тврди дека целта на пресудата е да го спречи повторно да се кандидира за градоначалник на Општина Карпош на претстојните локални избори.

Апелација денес делумно ја потврди пресудата против Јакимовски, односно второстепениот суд ја потврдил затворската казна од една година за бесправно градење, додека пак за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, предметот се враќа на повторно судење.

Со оглед на тоа што Јакимовски беше во куќен притвор пет месеци, во затворската казна му се засметува и времето поминато во притвор, па казната што ќе треба да ја издржи е седум месеци, а за тоа кога ќе оди Јакимовски во затвор треба да одлучи судија за извршување на санкции.

Стевчо Јакимовски е правосилно осуден на една година затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот