Стевчо Јакимовски / Фото: Методи Здравев - Слободен печат

Стевчо Јакимовски е правосилно осуден на една година затвор

Поранешниот градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски е правосилно осуден на казна затвор од една година за изградба на општинската зграда. Апелациониот суд делумно ја потврди пресудата против Јакимовски, односно второстепениот суд ја потврдил затворската казна од една година за бесправно градење, додека пак за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, предметот се враќа на повторно судење.

Со оглед на тоа што Јакимовски беше во куќен притвор пет месеци, во затворската казна му се засметува и времето поминато во притвор, па казната што ќе треба да ја издржи е седум месеци, а за тоа кога ќе оди Јакимовски во затвор треба да одлучи судија за извршување на санкции.

Според информациите од Апелација, за кривичното дело бесправно градење, јавното обвинителство не поднело жалба, па Апелација не може да влијае на висината на казната, додека за второто кривично дело предметот е вратен затоа што имало фалинки во описот на кривичното дело, односно се враќа пред Кривичниот суд поради технички причини.

-Во однос на кривичното дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.4 вв ст.1 вв чл. 45 од КЗ жалбата на обвинетиот е уважена и предметот, само во тој дел се враќа на повторно судење. Во однос на ова кривично дело, со оглед дека истото е сторено во период од 2011 година до 2017  година, предвидената казна е од три до пет години, па согласно одредбите за застарување истото би застарело во 2027 година – соопшти Кривичниот суд, а се чека Апелација да ја објави анонимизираната одлука што била донесена.

Пресуда со препорака за в затвор за Стевчо Јакимовски пред локални избори

За вработениот во општината кој беше условно осуден, предметот се враќа на повторно судење. Предметот што се враќа на повторно судење, како што информираат од Апелација, ќе биде распределен кај нов судија, бидејќи судијата кој досега постапувал повеќе не е дел од Одделот за организиран криминал и корупција.

Јакимовски по шест години судење беше осуден на неправосилна судска пресуда од три години и шест месеци затворска казна. Според обвинението од август 2018 година, градоначалникот Јакимовски дозволил објектот на Општина Карпош каде што е сместена општинската администрација да се изгради без одобрение за градба и без соодветно архитектонско-урбанистичка документација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот