Антонела Рокуцо и Лионел Меси со еден од своите синови/Фото: EPA-EFE/ANDREU DALMAU

ФОТО | Убавата Антонела ја прослави победата на Аргентина на Мундијалот и му испрати љубовна порака на Меси

Лионел Меси повторно ќе игра во финалето на Светското првенство во фудбал, а негова најголема и најомилена поддршка од почетокот на првенството е сопругата Антонела Рокуцо и, секако, нивните синови.

Антонела Рокуцо, сопругата на Лионел Меси, по пласирањето на Аргентина во финалето на Светското првенство по синоќешната победа против Англија, објави на Инстаграм неколку снимки од прославата на победата, но и ја посвети објавата на познатиот фудбалер.

„Ти благодарам Боже! Одимееее, Аргентина! Во финале!!!“, напишала таа заедно со фотографија на која позира со синовите, а објавата за само неколку часа надмина два милиони „лајкови“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)

Цело семејство било на трибините, а Антонела била расположена за фотографирање и снимање и навивала со цело срце, па многу од тоа покажала на социјалните мрежи.

Во една приказна на Инстаграм, Антонела му напишала на сопругот: „Неверојатна гордост, те сакам“, а поддршка му дава од почетокот на Светското првенство.

Љубовната приказна на Меси и Антонела од ден на ден станува сè посилна. Тие се познаваат од детството, а се во врска од 2005 година. Се венчаа во 2017 година и добија три сина Тијаго, Матео и Чиро, а кога Меси беше прашан во едно интервју што најмногу сака кај сопругата, тој кратко и јасно одговори: „Сè“.

На теренот, славниот фудбалер повторно ќе игра в недела, 19 јули, на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, со што ќе се затвори и овогодинешното Светско првенство чии домаќини се Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.

 

Меси комбинира два рекорда — најдобар стрелец, но и најлош пеналџија на мундијалите

ВИДЕО | Мундијалски вести: Меси е нов крал на мундијалските стрелци, Халанд и Мбапе си тераат по старо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот