Фото: Wikimedia commons / W.A. Djatmiko

Змија во зоолошка градина родила 12 младенчиња без мажјак — ја крстиле Марија поради нејзиното „безгрешно зачнување“

Женка змија од видот бамбусна отровна змија (trimeresurus albolabris) во зоолошката градина „Пакави парк“ во Олмен, Белгија роди 12 младенчиња, иако со години била чувана без мажјак, што е исклучително редок случај, пренесоа странските медиуми.

Ветеринарот Тим ​​Баутс изјави дека веднаш се посомневал во необичниот настан кога чуварите го информирале дека змијата по име Марија родила младенчиња, бидејќи долго време немало мажјаци во нејзиниот терариум.

Објаснувањето е пронајдено во феномен наречен „партеногенеза“, односно форма на размножување без парење со мажјак. Кај некои видови влекачи, женките можат сами да се размножуваат во отсуство на мажјаци, со цел да го продолжат видот.

Баутс објасни дека во овој процес, јајце клетката се спојува со дел од клетката што инаку би пропаднал, создавајќи ембрион со речиси идентичен генетски материјал како мајката.

Младенчињата не се сосема исти како нивната мајка, но се многу слични генетски. Сите 12 младенчиња се машки.

Иако овој метод на размножување може да помогне во преживувањето на видот, чуварите веднаш ги одвоиле младенчињата од нивната мајка бидејќи постои ризик таа да ги изеде.

Змијата, која претходно немала име, била наречена Марија по симболиката на „безгрешно зачнување“. Баутс се пошегува дека, бидејќи имала 12 младенчиња, тие би можеле да ги именуваат по апостолите.

Ветеринарот изјавил дека партеногенезата е многу редок феномен.

Претходно е забележано, меѓу другото, кај комодо змејовите во лондонската зоолошка градина, но никогаш порано не се случило во Белгија или кај овој вид змија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот