Фосил на диносаурус, стар 67 милиони години, е продаден за рекордни 50 милиони долари
Фосил од тираносаурус рекс по име „Гас“ беше продаден на аукција во Њујорк за рекордни 50,1 милион долари, што го прави најскапиот диносаурус некогаш продаден, пренесуваат странските медиуми.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Аукциската куќа „Сотби“ објави дека станува збор за фосил стар 67 милиони години, кој го надминал претходниот рекорд кога беше продаден стегосаурусот „Апекс“, во 2024 година за 44,6 милиони долари., како и тираносаурус рекс по име „Стен“, продаден за речиси 32 милиони долари во 2020 година.
„Гас“ е возрасен примерок висок околу 3,8 метри и долг 11,5 метри. Аукциската куќа наведува дека фосилот е зачуван околу 63 проценти, со исклучително добро зачуван череп, силна вилица со заби, две добро зачувани стапала и неколку пронајдени коски, вклучувајќи фуркула, или виљушкаста коска.
Фосилот е откриен во 2021 година на ранч во Јужна Дакота. Касандра Хатон, потпретседателка на „Сотбис“, меѓу другото изјави дека фосилот е именуван по сопственикот на имотот, Гари Гас Ликинг.
Купувачот, чие име не е откриено, ги победи шестмината други заинтересирани понудувачи во десетминутно наддавање во живо и онлајн.
Пред продажбата, Здружението за палеонтологија на ‘рбетници изјави дека научно важните фосили како „Гас“ треба да бидат изложени во музеи и истражувачки институции за да останат зачувани и достапни за идните генерации.


