ФОТО+ВИДЕО | Сите гледале во она што го носи Халанд во рацете — глетката од Осло стана вирална
Ерлинг Халанд ниту по елиминацијата на Норвешка од Светското првенство во фудбал не престанува да биде во центарот на вниманието. Славниот фудбалер вчера предизвикал бројни реакции кога со репрезентацијата слетал во Осло.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Додека неговите соиграчи излегувале од авионот со вообичаениот багаж, Халанд во рацете носел несекојдневен сувенир – препариран ракун кој држел шише пијалак во шепите.
Фотографијата ја објавил на социјалните мрежи со краток коментар: „Ме следеше до дома“, заедно со насмеан емотикон. Очекувано, фотографиите и видеата набрзо станале вирални.
View this post on Instagram
Необичниот сувенир го купил во продавницата „Вајлд билс вестер стор“ (Wild Bill’s Western Store) во Далас. Препарираниот ракун со шише виски „Ракун“ го чинел 750 долари (околу 660 евра), пренесуваат странските медиуми.
Во меѓувреме, овој производ е распродаден, а продавницата се пофалила дека ги посетил еден од најголемите фудбалски асови на денешницата.
Реакциите на социјалните мрежи не престануваат. На социјалната мрежа Икс се појавија бројни духовити коментари.
„Само Халанд може препарираниот ракун да го претвори во најнеочекуваниот трансфер на летото“, „Тој е вистински хит, најголемото изненадување на ова Светско првенство“, „Кому му треба трофеј кога може да го однесе ова дома?“, и „Мислев дека ова го направила вештачката интелигенција“, се само дел од коментарите од корисниците.
After a summer to remember, Erling Haaland chose to bring a taxidermy raccoon back to Norway 🤣
(via YT/Reuters) pic.twitter.com/Hpj0RpZJ4x
— FOX Sports (@FOXSports) July 13, 2026
Покрај необичниот сувенир, Халанд привлекол внимание и со модниот детаљ. Напаѓачот, познат по својата колекција луксузни чанти, вклучувајќи неколку модели „Ермес Биркин“, овој пат носел чанта од модната куќа „Долче и Габана“.
Халанд го заврши своето прво Светско првенство со седум гола и ја предводеше Норвешка до четвртфиналето, каде што по продолжението беше поразена од Англија.
И покрај елиминацијата, Норвешка го постигна најдобриот резултат во историјата на своите настапи на Светските првенства.
View this post on Instagram
ВИДЕО | Мундијалски вести: Халанд ги превесла „кариоките“, Англија го преживеа пеколот на „Ацтека“
Не е заинтересиран само за давање голови – Халанд троши богатство и на луксузни чанти


