Малта - Фото: Flickr/ Daniel Sjöström

Најпосетуваниот остров во Европа — Малта постави нов рекорд, на еден жител доаѓаат дури седум туристи

Малта и официјално го потврди статусот на една од најпосетуваните островски дестинации во Европа. Според анализата на туристичката платформа „Букритритс“, засновано на податоци од Европската комисија, оваа медитеранска држава бележи најголем број туристички посети во однос на бројот на жители, оставајќи зад себе и некои од најпознатите европски островски дестинации, како Канарските и грчките острови.

Според анализата, на секој жител на Малта доаѓаат во просек по седум туристи. Овој податок е уште повпечатлив ако се земе предвид дека државата се простира на само 316 квадратни километри.

Повеќе од 38.000 ноќевања на квадратен километар

Поради својата мала површина, Малта бележи повеќе од 38.700 туристички ноќевања на секој квадратен километар, што претставува најголема концентрација на туристичка активност меѓу европските острови.

Толкавиот број посетители создава значителен притисок врз сообраќајот, јавната инфраструктура, плажите и природните ресурси, особено во текот на летната сезона. Најголемите гужви традиционално се забележуваат во главниот град Валета, како и во туристичките центри Слима и Сент Џулијанс, каде што бројот на посетители во шпицот на сезоната повеќекратно се зголемува.

Туризмот останува двигател на економијата

Додека некои европски туристички дестинации воведуваат ограничувања поради прекумерниот број посетители, Малта и натаму гледа на туризмот како на еден од главните двигатели на економскиот развој.

Иако бројот на туристи значително пораснал во последните години, властите планираат уште поголем раст. Целта е до почетокот на следната деценија земјата да привлекува околу 4,5 милиони туристи годишно.

Туризмот носи приходи од милијарди евра и претставува една од најважните стопански гранки во земјата. Сепак, експертите предупредуваат дека идниот раст ќе мора внимателно да се планира за да се зачуваат квалитетот на живот на локалното население и природните богатства.

Гозо – помирна страна на Малта

За оние што сакаат да ја доживеат Малта далеку од најголемите туристички метежи, добро решение е островот Гозо.

До него се стигнува со траект за околу дваесет минути, а е препознатлив по мирната атмосфера, традиционалните села, живописните пејзажи и побавното секојдневие.

Иако и Гозо во последните години станува сè попопуларен меѓу туристите, тој и понатаму нуди многу порелаксирано искуство во споредба со главниот остров и е идеален избор за посетителите што сакаат да ги избегнат големите гужви.

Избрани најдобрите европски острови за одмор во 2026 година — дури четири од првите десет се во Хрватска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот