ИНТЕРВЈУ ꟾ Ана Пејчинова зборува за своето 15-годишно искуство во Авганистан: Постои нешто жилаво во нас што трага по интензитет на постоењето
Книгата „Пустинско срце“ од Ана Пејчинова, која излезе во издание на „Или-Или“, е заснована на сеќавања на вистинити настани со кои авторката го раскажува своето искуство од петнаесетгодишниот живот и работа во Авганистан. Писателката и поетеса Ана Пејчинова (1973) има разновидно творечко и професионално портфолио во областа на книжевноста, визуелните уметности, филозофијата, психологијата, политичките науки …

