Осуден е италијанскиот директор по чија вина се урна мост во Џенова и загинаа 43 луѓе
Поранешниот директор на италијанската компанија за автопати „Аутостраде пер л’Италија“, Џовани Кастелучи, е осуден на 12 години затвор за уривањето на мостот Моранди во Џенова во 2018 година, во кое загинаа 43-ца луѓе. Обвинителите побараа значително подолга казна за него, објави Би-би-си.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Кастелучи беше еден од 57-те обвинети на судењето во Џенова. Тој веќе отслужува шестгодишна казна за сообраќајна несреќа која се случила во 2013 година. Друг висок функционер на компанијата, Микеле Донфери Мители, е осуден на 11 години затвор.
Емануел Дијаз, чиј брат Хенри почина во несреќата, изјави за италијанската телевизија дека е „многу задоволен“ од пресудата. Егле Посети, која ги загуби сестра си и семејството во уривањето, рече дека 12-годишната казна на Кастелучи е „прифатлива“.
Сите обвинети досега негираа дека направиле нешто погрешно. Додека обвинителите тврдеа дека одржувањето на дотраената конструкција постојано било одложувано, а предупредувачките знаци биле игнорирани, адвокатите на одбраната ја обвинија несреќата за грешка во дизајнот и за фактот дека одреден кабел бил обложен со бетон.
Меѓу обвинетите на судењето имало инженери од фирмата за одржување „Спеа“ (Spea) и поранешни функционери од Министерството за транспорт, како и од матичната компанија на операторот на автопатиштата „Аспи“ (Aspi) – „Атлантија“ (Atlantia).
Поранешниот извршен директор на „Спеа“, Антонино Галата, доби казна затвор од пет и пол години, додека Мауро Колета, поранешниот највисок функционер задолжен за автопатската дирекција во Министерството, доби пет години затвор.
Во пресрет на судењето, актуелниот директор на „Аспи“, Ариго Џана, упати прво јавно извинување од компанијата за уривањето на мостот, велејќи дека „постапките и одлуките на некои луѓе оставија неизбришливи траги“.
Мостот се урна за време на силен дожд во екот на туристичката сезона, при што од него паднаа автомобили и камиони.
Новиот мост, дизајниран од италијанскиот архитект роден во Џенова, Ренцо Пијано, беше отворен во 2020 година.
Во Џенова две години по трагедијата во која загинаа 43 лица отворен нов мост (ВИДЕО)


