Лисабон, Португалија / Фото: Profimedia

Португалија е првата земја од ЕУ што ќе надгледува како се употребува вештачката интелигенција во здравството

Португалија стана првата земја-членка на ЕУ што се приклучи на глобалната мрежа „ХелтАИ“ („HealthAI“) за следење на употребата на вештачка интелигенција во здравството, пренесува Ројтерс.

Договорот помеѓу португалскиот регулатор Inframed и непрофитната организација „HealthAI“ со седиште во Женева ѝ дава на Португалија пристап до здравствени алатки базирани на вештачка интелигенција проверени од регулаторите, како и до систем за предупредување во реално време за штетни инциденти.

Со ова, Португалија им се придружува на Велика Британија, Индија, Бразил, Сингапур, Филипините, Индонезија, Виетнам, Замбија и Перу во Глобалната регулаторна мрежа (GRN) на „HealthAI“.

Паралелно, стапува на сила Законот за вештачка интелигенција на ЕУ, додека здравствените системи низ цела Европа го забрзуваат усвојувањето на алатки со вештачка интелигенција.

„Јасно е дека ова подобро се постигнува преку меѓународна соработка и размена на искуства и професионално знаење“, објави претседателот на Infarmed, Иво Сантос.

Стандарди за ВИ во здравството

„HealthAI“, кој во голема мера е финансиран од влади, вклучувајќи ги Канада, Велика Британија, Норвешка и Сингапур, беше основан за да развие заеднички стандарди и рамки за управување за вештачка интелигенција во здравството.

Извршниот директор на организацијата, Баптиста Леите, изјави дека „HealthAI“ е во разговори со други членки на ЕУ и нагласи дека регулаторните одлуки на Европа ќе влијаат на управувањето со вештачката интелигенција на глобално ниво.

„Што и да направи Европа, ќе се прелее и во други региони низ целиот свет. Затоа е неверојатно важно Брисел да го направи тоа како што треба“, рече тој.

Гутереш го вознемири светот: Вештачката интелигенција не смее да одлучува за луѓето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот