Фото: EPA/Enric Fontcuberta

Русија и Белорусија повторно ќе можат да играат во натпреварувања под ИХФ

По одлуките на Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) од 7 мај и 7 јули 2026 година, Советот на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) одлучи да го усогласи ставот на Меѓународната ракометна федерација со најновите препораки на ИОК и да ја укине, со непосреден ефект, забраната воведена на 4 март 2022 година за учество на руски и белоруски клубови, офијалница лица, судии, предавачи и експерти во настани и активности на ИХФ.

Во согласност со препораката на ИОК, ИХФ, во соработка со Меѓународната агенција за тестирање (ИТА), ќе ги спроведе сите потребни мерки за да се осигури дека се исполнети применливите антидопинг барања во врска со враќањето на руските спортисти на меѓународни ракометни натпревари, во целосна согласност со Светскиот антидопинг кодекс во секое време. Нема да има дополнителни услови за учество или други ограничувања.

Во текот на изминатите месеци, Советот на ИХФ спроведуваше постепен пристап кон реинтеграција.

На 24 март 2026 година, на руските и белоруските младински репрезентации им беше дозволено да организираат и да учествуваат во пријателски натпревари и турнири во рамките на сопствена организација, под услов да потпишат изјави со кои потврдуваат дека не се поврзани со воени или државни безбедносни структури.

На 6 мај 2026 година, Советот, исто така, ја одобри можноста за доделување потенцијална посебна покана до руската или белоруската репрезентација за Светското првенство во ракомет за жени до 16 години во 2026 година и/или за Трофејот на нациите на ИХФ, каде што е применливо.

ИХФ е свесна дека целосната реинтеграција на руските и белоруските екипи и официјални лица може да бара преоден период. Сепак, Меѓународната ракометна федерација со нетрпение го очекува нивното враќање во меѓународната ракометна заедница и се надева дека, со поддршка и соработка на сите засегнати страни, ќе бидат преземени потребните чекори за да се обезбеди навремено и ефикасно враќање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот