Фото: КК Пелистер Битола

Тане Спасев е нов тренер на кошаркарскиот клуб Пелистер

КК Пелистер одржа редовно годишно собрание на кое беа избрани новите структури на битолскиот кошаркарски клуб. За нов претседател е избран Бојан Давков, поранешен капитен на битолскиот клуб, а спортски директор е Предраг Созовски, кој во минатото исто така ги бранеше боите на клубот и како играч и како тренер. Исто така избран е нов борд на директори, кој ќе раководи со клубот, чиј единствен акционер останува Општина Битола.

Првата одговорна одлука на новиот оперативен дел на клубот беше изборот на нов тренер. Во новиот проект ќе се придружи етаблираниот кошаркарски тренер Тане Спасев. Тој се враќа во Македонија токму за да седне на клупата на Пелистер.

Спасев е роден е во Штип, а работеше со успех во украински Кривбас, како асистент во Турк Телеком од Анкара и во Полска како предводник на тимовите Асеко Проком (Гдиња) и Легија Варшава.

Беше дел од стручниот штаб на рускиот гигант Химки, како помошник на познатиот тренер Душко Ивановиќ. Во Битола доаѓа по последните активности во Романија како селектор на репрезентацијата до 20 години и во полски Лоѓ, каде беше тренер до март годинава.

Спасев се обрвза на договор со Пелистер за една сезона и веќе започна со работа за формирање на ростерот за сезоната 2026/27. Клубот веќе потпиша со првите нови имиња за следната сезона и наскоро ќе ги официјализира пред јавноста. Претставувањето на тренерот Спасев пред јавноста е предвидено за почетокот на подготовките во Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот