Фото: kfshkendija.com

ВИДЕО | Шкендија победи и во реваншот против ФК Европа во Конференциската лига

Фудбалерите на Шкендија триумфираа и во вториот натпревар од првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА сега во Скопје со резултат 1:0 против ФК Европа од Гибралтар.

Сите дилеми беа решени веќе на првиот меч на гости кога тетовските „црвено-црни“ славеа убедливо со 5:0.

Играчите на Артим Положани и сега имаа повеќе посед на топката со повеќе шанси од противникот.

Единствениот гол се случи во 86 минута кој беше дело на Ване Крстевски по асистенцијата на Арбин Зејнулаи.

Крстевски претходно влезе во игра од 71 минута како замена за интернационалецот од Габон, Фахд Ндзенгуе.

Шкендија во второто квалификациско коло во ова натпреварување ќе игра против Браво од Словенија.

Првиот меч Шкендија ќе го игра на гости на 23 јули, а реваншот е седум дена подоцна на Националната арена „Тодор Проески“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот