Фото: Фејсбук

Андоновски најави Национален дата-центар, вели дека ја поставува „основата на дигиталната иднина на Македонија“

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави дека Владата започнува со реализација на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за дигиталниот развој на државата – изградба на Национален дата центар, кој ќе претставува основа за модернизација на јавните услуги и заштита на државните податоци.

Во интервју за Македонската телевизија, Андоновски рече дека станува збор за „стратешка инвестиција која ќе ја постави основата за дигиталната иднина на Македонија во следните две до три децении“.

„Наместо секоја институција да располага со сопствени серверски простории со различно ниво на безбедност, државата ќе има едно современо, високо заштитено и енергетски ефикасно решение од кое ќе се обезбедуваат дигиталните услуги“, изјави министерот.

Тој појасни дека веќе е изработена физибилити студија, која покажала дека проектот е технички и финансиски изводлив. Според плановите, Македонија треба да добие современ Национален дата-центар, кој ќе овозможи воспоставување на владин облак, поголема сајбер безбедност, заштита на државните информации и развој на решенија базирани на вештачка интелигенција.

Во моментов, Министерството за дигитална трансформација работи на избор на соодветна локација, дефинирање на финансискиот модел и обезбедување на партнерства неопходни за реализација на проектот.

Андоновски оцени дека, како што патиштата, железницата и електроенергетската инфраструктура биле двигатели на економскиот развој во минатиот век, така дата центрите се стратешка инфраструктура на 21 век.

„Без дата-центри нема дигитална држава, нема вештачка интелигенција, нема сајбер безбедност и нема сигурни електронски услуги. Со овој проект ја поставуваме основата врз која ќе се гради дигиталната Македонија во следните децении“, порача министерот.

Во Македонија не смее да има дата-центри, тие влијаат врз животната средина и населението, велат од „Зелен хуман град“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот