Георг Стојановски/Screenshot

ВИДЕО | Георг Стојановски во Бугарија даде гол од центар

Македонскиот напаѓач Георг Стојановски го одбележа стартот на новата сезона во бугарскиот шампионат со спектакуларен погодок кој веднаш привлече големо внимание.

Фудбалерот на Спартак Варна беше стрелец на првиот гол во новата сезона во Првата лига на Бугарија, во ремито 2-2 против ЦСКА 1948. Во 13. минута, Стојановски ја прифати топката околу централната линија, направи неколку чекори и испрати прецизен удар од речиси половина терен. Топката го изненади противничкиот голман и заврши во мрежата за водство на домашниот состав.

Поранешниот напаѓач на Вардар и минатата сезона беше еден од најважните играчи на Спартак Варна, откако ја заврши како најдобар стрелец на тимот со осум постигнати голови.

На клупата на домашниот состав овојпат не беше македонскиот тренер Ѓоко Хаџиевски, кој го пропушти натпреварот поради административни проблеми со документацијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот