Фабрицио Романо/FB

Eден од најголемите руски клубови го обвини Фабрицио Романо дека лаже: „Престани да пишуваш глупости“

Фабрицио Романо кој важи најрелевантни новинари за фудбалски трансфери, се најде на мета на ЦСКА Москва, откако рускиот клуб јавно ги демантираше неговите информации поврзани со аргентинскиот офанзивец Езекиел Себаљос.

Романо претходно објави дека Наполи испратил понуда од 10 милиони долари за фудбалерот на Бока Јуниорс, а истовремено наведе и дека Себаљос одбил понуда од ЦСКА вредна пет милиони долари годишно, бидејќи не сакал да ја продолжи кариерата во Русија.

Од московскиот клуб реагираа со остро соопштение, тврдејќи дека таквите информации се целосно неточни.

„Фабрицио, престани да шириш невистини и глупости. Ти си почитуван новинар. ЦСКА никогаш не му понудила на ниту еден играч нето плата од пет милиони евра годишно. Разговорите со Бока Јуниорс завршија уште во февруари, немаше договор, ниту официјална понуда за играчот. Не планираме да ангажираме крилен фудбалер ова лето. Престани да го користиш нашето име за да олеснуваш трансфери или да ги зголемуваш барањата“, порачаа од ЦСКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот