Фото: kfshkendija.com

Македонскиот репрезентативец Јован Манев ќе игра за Шкендија

Македонскиот репрезентативец Јован Манев е официјално нов фудбалер на Шкендија, доаѓа од Риека и потпиша договор кој ќе трае до лето 2028 година.

ФК Шкендија ја засилува одбраната со централниот бек, Манев, кој е најновото засилување на тимот во овој преоден рок.

По успешните лекарски прегледи, 25-годишниот фудбалер, во присуство на спортскиот директор Ардијан Цуцули, потпиша двегодишен договор со тетовските „црвено-црни“.

Порасна во фудбалската школа Брегалница во Штип, пред да се пресели во Турција облекувајќи го дресот на Адана Демирспор.

Неговата кариера продолжи во Хрватска, каде што првично играше како позајмица во Осиек, пред да се пресели во Риека. Минатата сезона, Манев играше како позајмен во Нови Пазар, а сега одлучи трајно да ја напушти Риека.

Напаѓачот Марко Ѓорѓиевски по епизодата во Романија се врати во македонскиот фудбал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот