ЕЕС системот донесе гужви и повеќечасовни чекања на аеродромите низ Европа
Патниците што минуваат низ некои европски аеродроми, наводно, чекаат до три часа на граничните контроли додека започнува целосната имплементација на системот за влез/излез (EEС) за влез во земјите од ЕУ и Шенген зоната, соопшти меѓународното тело за аеродроми, објави Н1.
Препорачано
Патниците на аеродромите во земји како Франција, Германија, Белгија, Италија, Шпанија и Грција чекаат со часови на граничните проверки, соопшти Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ), како што објави денес британскиот „Гардијан“.
Оливие Јанковиќ, директор на европскиот оддел на АЦИ, изјави за „Фајненшл тајмс“ дека ситуацијата во наредните недели и секако во текот на летните месеци кога патувањето ќе биде на врвот, ќе биде „едноставно незамисливо“.
„Сега ги гледаме овие времиња на чекање во шпицот кога сообраќајот штотуку почнува да се зголемува“, рече тој.
Целосното воведување на EEС започна во петок во Шенген зоната. Системот од патниците од земји кои не се членки на ЕУ, како што е Велика Британија бара, да се регистрираат личните информации и биометриските податоци на границата.
Системот постепено се воведува од октомври минатата година и веќе предизвика долги редици на некои аеродроми. Би-би-си во минатиот викенд објави дека повеќе од 100 патници не можеле да се качат на летот на „Изи џет“ од Милано до Манчестер пред полетувањето поради доцнења на пасошката контрола.
Службениците на аеродромот и Европската комисија се состанаа во вторник за да разговараат за проблемите со системот. Меѓународниот совет на аеродроми соопшти дека побарал продолжување на системот за ослободување, како и овластување за целосно суспендирање на новите проверки.
Во меѓувреме Јанковиќ во изјава „Фајненшл тајмс“ истакна дека АЦИ треба да има можност целосно да ја суспендира регистрацијата на ЕЕС кога времето на чекање на граничните контроли е прекумерно и сосема незамисливо.
Од друга страна портпаролот на Европската комисија на влегувањето во употреба на ЕЕС системот посочи дека она што се гледа од првите денови на целосно функционирање е дека системот работи многу добро. Во огромното мнозинство земји-членки нема проблеми, посочи тој.
Европската комисија соопшти дека просечното време за регистрација на патник е 70 секунди, иако АЦИ тврди дека може да потрае до пет минути.
Портпаролот на комисијата исто така додаде дека има неколку земји-членки каде што се забележани технички тешкотии, но дека тие сега се решаваат.
„Од земјите-членки зависи да обезбедат правилна имплементација на ЕЕС на терен“, рече портпаролот.


