Дожд, врнежливо време / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

УХМР: Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и во Гази Баба

Најмногу дож – 74 литри на квадратен метар во изминатите 12 часа наврна во скопско Црешево, по што следат Гази Баба со 44 литри, Крива Паланка со 29 и Берово со 22 литри на квадратен метар, покажуваат резултатите од мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

По 18 литри на квадретен метар наврнаа во Зајчев Рид и во  Струмица, 15 на Попова Шапка,13 во скопската населба Карпош, 12 во Претор, по 11 во Ѓорче Петров и Демир Капија, 10 во Гевгелија, 9 во Кавадарци, 8 во Велес, 7 во скопски Петровец, 5 во Тетово, и по 3 литри на квадретен метар во Виница, Маврови Анови и Ѓуриште.

Од Управата посочуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР, а  поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

„Вечерва преовладува променливо облачно време, а слаб локален дожд има во Полошкиот Регион. До крајот на денот облачноста ќе се намали и во текот на ноќта не се очекуваат врнежи. Ќе преовладува претежно ведро време“, соопшти УХМР.

ВИДЕО+ФОТО | Невреме во Скопје, улиците поплавени, сообраќајот во хаос

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот