Мала Рада/ Фото: Општина Кисела Вода

Обновено е коритото на Мала Рада, изградена е и пешачка патека покрај реката

Општина Кисела Вода ја заврши реконструкцијата на коритото на реката Мала Рада, со која на потег од 2,5 километри е извршена обнова на дното и на бетонските профили на коритото и изградени се потпорни ѕидови.

Со тоа, според градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска овозможена е сигурна заштита за домовите на граѓаните од поплавите кои во минатото им создаваа проблеми.

Покрај безбедносниот аспект, овој простор доби и нов лик. Со новата пешачка патека, модерното осветлување и урбаната опрема, Мала Рада прерасна во уредено катче за прошетки и рекреација на семејствата и младите од Драчево. Овој проект, со вредност од 57.800.000 денари, е доказ дека кога локалната самоуправа има силна поддршка од централната власт, работите се движат напред истакна градоначалничката.

Општината со молк се обидува да ги стави „под тепих“ пропустите за Теферич

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот