Уште една голема размена во НБА: Бостон го испрати Џејлен Браун во Филаделфија
Досегашниот кошаркар на Бостон, Џејлен Браун, кариерата ќе ја продолжи во Филаделфија, oбјави НБА инсајдерот, Шемс Чарнија.
Препорачано
Во замена, Бостон од Филаделфија ги добива Пол Џорџ, како и два пика од првата и два пика од втората рунда на НБА-драфтот.
Пиковите од првата рунда се за драфтовите во 2028 и 2031 година, додека пиковите од втората рунда се за 2028 и 2030 година.
Браун беше избран како трет пик на НБА-драфтот во 2016 година, а 29-годишниот бек минатата сезона во регуларниот дел од првенството просечно бележеше 28,7 поени, 6,9 скока и 5,1 асистенција по натпревар. Со своите настапи заслужи место и во втората најдобра петорка на НБА.
Со Бостон во 2024 година ја освои шампионската титула во НБА, а истата сезона беше прогласен за МВП на финалето на плејофот, како и за најдобар во финалето на Источната конференција.
Во спротивна насока, во Бостон пристигнува деветкратниот олстар Пол Џорџ. Искусниот 36-годишен бек минатата сезона во регуларниот дел од шампионатот просечно оствари 17,3 поени, 5,3 скока и 3,6 асистенции по натпревар.
BLOCKBUSTER: The Boston Celtics have agreed to trade Jaylen Brown to the Philadelphia 76ers for Paul George, two first-round picks and two second-round picks, sources tell ESPN. pic.twitter.com/xNcNlIV2mh
— Shams Charania (@ShamsCharania) July 1, 2026


