Фото: Screenshot

ВИДЕО | Симпатичен момент: Ѓоковиќ се пошегува и ја исплаши девојката која собира топки

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ приреди еден од најсимпатичните моменти на досегашниот Вимблдон. За време на убедливата победа над Стефанос Циципас во второто коло, тој се пошегува со собирачка на топчиња среде мечот.

Додека, по негови инструкции, со ножички му ја отсекуваше црната лента од десното рамо, Ѓоковиќ одглуми дека чувствува силна болка.

Девојката, видно збунета и исплашена, помисли дека случајно го повредила српскиот тенисер пред преполните трибини и милионската телевизиска публика. Инстинктивно се повлече наназад и се фати за градите, а само неколку секунди подоцна Ѓоковиќ се насмеа, откривајќи дека станува збор за шега. Кога сфати што се случило, и собирачката на топчиња се насмеа.

По натпреварот, Ѓоковиќ призна дека сакал малку да ја опушти атмосферата.

„Такви работи правите кога водите со 2:0 во сетови, а не кога губите со 0:2. Жал ми е ако ја исплашив… Мене тоа дополнително ме опушти на теренот. Едноставно се забавував“, изјави Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот