Фото: DixieBelleCupcakeCafe / Flickr

Брз и вкусен летен рецепт — мафини со праски

Меки, воздушести и полни со сочни свежи праски – овие мафини се совршен десерт за пролетните денови.

Состојки:

– 3 јајца
– 2 шолји шеќер
– 3 шолји брашно
– 1 1/4 шолја масло
– 1 лажица цимет
– 1 лажичка сода бикарбона
– 2 шолји ситно сечкани праски

Подготовка:

Во длабок сад измешајте ги брашното, циметот и сода-бикарбоната.

Во друг сад измешајте ги јајцата, шеќерот и маслото. Вака подготвена мешавина додадете ја на првата и измешајте ги. Полека додадете ги праските и благо промешајте.

Смесата нанесете ја во 16 хартиени корпички наредени во длабнатините на калап за мафини.

Мафините печете ги околу 20 минути на 200 степени.

Рецепт за евтин и лесен ручек — тиквички и пиперки запечени со сирење и јајца

Рецепт за намаз од печени тиквички — неверојатен прилог со обичен леб или со месо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот