Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ — кои се петте најголеми предизвици за Даблин?
Ирска го презема шестмесечното ротирачко претседавање со Советот на Европската Унија од Кипар, во период што Даблин го оценува како особено чувствителен поради зголемената глобална неизвесност, објави „Јуроњуз“.
Препорачано
Ова е осми пат земјата да ја има улогата на „чесен посредник“ меѓу земјите членки, задача што подразбира водење сложени преговори и барање компромиси меѓу 27 различни национални позиции.
Русија е првиот предизвик
Еден од првите предизвици за Ирска ќе биде новиот пакет санкции против Русија, за кој рокот е 15 јули. Доколку дотогаш нема договор, ЕУ автоматски ќе ја ревидира горната граница на цената на руската нафта, што би можело да ѝ донесе финансиско олеснување на Москва.
Иако дипломатите очекуваат рокот да биде испочитуван, Бугарија веќе се закани со вето доколку во пакетот бидат вклучени патријархот Кирил и основачот на „Лукоил“, Вагит Алекперов. Софија има забелешки и за можните последици врз ѓубривата и резервните делови за метрото.
Проширување на ЕУ
Вториот голем приоритет е проширувањето на Унијата. Промената на власта во Унгарија отвори можност за напредок во пристапните процеси на Украина и Молдавија, но Будимпешта и понатаму е внимателна.
Ирска ќе се обиде да придвижи барем дел од преостанатите кластери пред летната пауза. Во исто време, Црна Гора сака да ги затвори преговорите до крајот на годината, по што би почнала изработката на пристапниот договор. Брисел сака тој договор да стане модел за идните проширувања, што значи дека преговорите ќе бидат особено детални.
Украина и Молдавија официјално ги започнаа пристапните преговори со ЕУ
Најконтроверзната тема сепак ќе биде следниот седумгодишен буџет на ЕУ. Ирска ќе треба да подготви нова преговарачка рамка по незадоволството што го предизвика предлогот на Кипар за умерено кратење на планот на Европската комисија од 2 билиони евра.
Даблин ќе мора да најде баланс меѓу земјите што сакаат да се зачуваат средствата за земјоделство и кохезија и оние што бараат повеќе пари за клима, иновации, технологија и заодбрана.
Дел од дебатата ќе бидат и новите сопствени приходи, односно можни даноци на ниво на ЕУ.
Вашингтон и Пекинг вршат економски притисок
Ирска ќе се соочи и со трговски притисоци од САД и Кина.
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со царини од 100 проценти за европските земји што воведуваат даноци за дигитални услуги, што може да го загрози договорот меѓу ЕУ и САД.
Паралелно, Брисел бара од Пекинг конкретни чекори за намалување на огромниот трговски дисбаланс, но земјите членки се поделени околу тоа колку остро треба да се настапи кон Кина.
Економската конкурентност ќе биде уште една важна тема. Ирска треба да помогне во финализирање повеќе закони од европската економска агенда, меѓу кои се Унијата за штедење и инвестиции, дигиталното евро и правилата за кибербезбедност.
Дополнителен товар за Даблин е случајот со „Огиниш алумина“, најголемата европска рафинерија за алумина, која е поврзана со извоз кон Русија.
Ирската влада веќе најави истрага, а подоцна може да се најде пред тешка одлука: дали да поддржи санкции за алумина или да заштити важен домашен работодавач.
ОпенАл може да остане без пари за 18 месеци, предупредува финансиски експерт


