Русија затвори седум железнички гранични премини со Финска, со Латвија и со Естонија
Русија синоќа соопшти дека привремено ќе ги затвори премините на седум железнички гранични премини на границите со Финска, со Латвија и со Естонија, пренесува „Киев пост“.
Препорачано
Во владината одлука се наведува дека мерката ќе го запре движењето на луѓе, возила, на стоки и на товар преку засегнатите железнички премини, почнувајќи од денеска.
На Министерството за надворешни работи на Русија му е наложено да ги извести Финска, Латвија и Естонија за одлуката, се наведува во документот.
Владата не ги наведе причините за оваа одлука.
Тензиите на северозападните граници на Русија со Финска и со балтичките држави се зголемени откако Финска и Шведска се приклучија на НАТО во 2023 и во 2024 година.
Сите три земји сè почесто изразуваат загриженост за руската воена активност во близина на нивните територии.
Шведска предупреди дека Русија останува долгорочна закана за НАТО, а шефот на военото разузнавање, Томас Нилсон, изјави дека Москва веќе ја проширува воената инфраструктура во близина на источната граница на Алијансата и би можела да ги реализира тие планови кога повторно ќе ги зајакне ресурсите по војната во Украина.
НАТО мора да се подготви за ескалација од Русија, предупреди Полска
Во април, Русија се закани со одмазда против балтичките држави, обвинувајќи ги дека дозволуваат украински дронови да минуваат низ нивниот воздушен простор.
Во мај, руски дрон влезе во воздушниот простор на членката на НАТО Романија за време на ноќни напади врз Украина, при што се урна во станбена зграда во градот Галац, предизвикувајќи пожар и повредувајќи двајца цивили.
Како дел од поширок бран на зајакнување на границите, Латвија започна со поставување бетонски анти-тенковски пречки познати како „змејски заби“ долж границата со Русија, како дел од заедничката Балтичка одбранбена линија, а слични бариери поставува и Естонија.
Украина, исто така, поставува „змејски заби“ долж границата со Белорусија во регионот Чернигов, заедно со жичани бариери и проширен систем на ровови.
Естонија неодамна постави и прво модуларно засилено бетонско јавно засолниште во Талин, со цел подобрување на заштитата на цивилите поради сè почестото навлегување на руски дронови во воздушниот простор на НАТО.
Шведска тврди дека најголема закана за нејзината безбедност е Русија


