Хорор во Египет: трицикл паднал во канал, се удавиле девет деца

Моторизиран трицикл вчера паднал во канал во јужен Египет, при што загинале девет деца, а двајца луѓе биле повредени, објави „Асошијатед прес“.

Трициклот паднал во водата во подрачјето Абу Тиг во јужната покраина Асиут, соопшти канцеларијата на гувернерот на Асиут, Мохамед Елван.

Асиут, кој се наоѓа 320 километри јужно од главниот град Каиро, е покраина во Горен Египет позната по историски знаменитости.

Локалните медиуми објавија дека до несреќата дошло поради дефект на управувачкиот систем, при што трициклот се превртел додека превезувал деца кои се враќале дома од работа на блиски фарми.

Состојбата на повредените засега не е позната. Телата биле пренесени во болницата во Абу Тиг, соопшти канцеларијата на гувернерот.

Децата биле на возраст од 10 до 17 години, според локалните медиуми.

Гувернерот Елван им наложил на надлежните да спроведат безбедносни мерки, вклучително и поставување бетонски бариери покрај каналот.

Секоја година во Египет илјадници луѓе загинуваат во сообраќајни несреќи, поради сериозни проблеми со безбедноста на патиштата.

Властите како главни причини ги наведуваат пребрзото возење, лошата патна инфраструктура и недоволната примена на сообраќајните правила. Претходно годинава, во судир меѓу камион и пикап на автопат загинаа 18 луѓе, соопштија надлежните.

Трагедија во Србија: Две 15-годишни момчиња се удавија во Јужна Морава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот