Вучиќ телефонски разговарал со Сиљановска-Давкова: Потврдени блиските односи меѓу двете земји
Српскиот претседател Александар Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм објави дека има телефонски разговор со претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на кој ја потврдиле подготвеноста за натамошно унапредување на билатералната соработка и добрососедските односи меѓу двете земји.
Препорачано
Во објавата Вучиќ пишува дека во разговорот со македонската колешка размениле мислења за важни регионални прашања, можностите за продлабочување на соработката и за посилно поврзување во областите од заеднички интерес.
„Содржинскиот разговор со Гордана Сиљановска-Давкова потврди дека меѓу нашите земји постои подготвеност да продолжиме да ги развиваме блиските и пријателски односи. Разменивме мислења за важни регионални прашања, понатамошно унапредување на соработката и можностите за уште посилно поврзување во областите од заеднички интерес“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
View this post on Instagram
Според него, Србија останува посветена на зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот, како и на јакнењето на соработката со Северна Македонија, оценувајќи дека тоа е во интерес на граѓаните на двете земји и на целиот регион.
Разговорот, како што објави српскиот претседател, претставува потврда на заедничката определба на Белград и Скопје за понатамошно унапредување на економската соработка, инфраструктурното поврзување и заедничките напори за зачувување на мирот и стабилноста во регионот.


