Влада на РСМ / фото: Драган Митрески - Слободен печат

Јетон Шасивари во Правда, Седат Сулејмани во Култура и Агон Ферати во Односи меѓу заедниците – Влен со тројца нови министри во реконструираната влада

Премиерот Христијан Мицкоски вчера и официјално ја објави реконструкцијата на Владата, а во неа, како што најави, коалицијата Влен ќе има еден вицепремиер и тројца министри.

Беким Сали останува прв вицепремиер и министер за европски прашања, додека функцијата вицепремиер за добро владеење, која досега ја извршуваше Арбен Фетаи, ќе се укине. Надлежностите од ова министерство ќе ги преземе кабинетот на премиерот.

Во рамки на реконструкцијата, Влен ќе ги преземе Министерството за правда, Министерството за култура и туризам и Министерството за односи меѓу заедниците.

За министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани, кој досега беше заменик-министер во истиот ресор. Министерството за односи меѓу заедниците ќе го раководи Агон Ферати, додека за нов министер за правда е предложен професорот по уставно право на Универзитетот на Југоисточна Европа, Јетон Шасивари, кој ќе го наследи Игор Филков.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно соопшти дека со реконструкцијата ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе ресорите здравство и социјална политика, демографија и млади. За министер за здравство е предложен актуелниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, додека Ѓоко Велковски е предложен за министер за социјална политика, демографија и млади.

Нема правда за ЗНАМ, за Вреди преодна „шестка“

Златко Перински ќе биде нов директор на Фондот за здравствено осигурување, а Иван Стоилковиќ е предложен за министер за локална самоуправа.

ЗНАМ ќе го преземе Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде за министер се очекува да биде именуван актуелниот државен секретар Борче Серафимовски. Горан Минчев и натаму ќе раководи со Министерството за јавна администрација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот