Цени во маркети / Фото: Dmitriy Shironosov / Alamy / Profimedia

Повеќе се купувало храна и горива, малопродажбата е зголемена за 9,1 процент во мај

Прометот во трговијата на мало во мај 2026 година бележи позитивни движења во повеќето сегменти, при што најголем реален раст е забележан кај продажбата на автомобилски горива, а трговијата со храна, пијалаци и тутун продолжува со стабилен раст. Според претходните податоци, во споредба со мај 2025 година, реалниот промет во групата „Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“ е зголемен за 9,1 проценти, додека номиналниот раст изнесува 15 проценти.

Во секторот трговија на мало, вкупниот промет е зголемен за 11,7 проценти номинално и 7,3 проценти реално на годишно ниво. Продажбата на непрехранбени производи, без горивата, бележи номинален пад од 3,6 проценти, но и покрај тоа има реален раст од 1,6 проценти, што укажува на зголемен физички обем на продажба.

Кај трговијата на мало без горивата, прометот е повисок за 6 проценти номинално и 6,2 проценти реално во однос на истиот месец лани. Најизразен раст е регистриран кај трговијата со автомобилски горива, каде што прометот е зголемен за 36,2 проценти номинално, додека реалниот раст достигнува 14,7 проценти.

Од друга страна, во останатите трговски дејности се забележува намалување на прометот. Кај трговијата на големо, освен со моторни возила и мотоцикли, номиналниот промет е намален за 16,9 проценти, додека кај трговијата на големо и мало со моторни возила, мотоцикли, делови и нивно одржување е евидентиран пад од 6,7 проценти.

Податоците укажуваат дека домашната потрошувачка останува двигател на малопродажбата, особено во сегментот на храна и основни производи, додека растот кај горивата е најизразен во анализираниот период.

Има нешто гнило во увезената храна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот