Азир Алиу, министер за здравство, фото „Слободен печат“ Драган Митрески
Азир Алиу, министер за здравство, фото „Слободен печат“ Драган Митрески

Алиу: Додека сум министер ќе работам и ќе придонесувам кон здравствениот систем

Додека сум министер, постојано ќе придонесувам кон здравствениот систем, а и потоа ќе давам максимум од себе за заедницата, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања.

– Значи, јас уште сум министер за здравство до моментот кога во Собрание ќе се изгласа нов министер, и до тој ден, секоја минута ќе работам и ќе придонесам кон здравствениот систем во државата. Јас кога влегов пред 10 години во политиката, влегов за да помагам, но, денеска, после 10 години, со политичкото искуство што го имам, веќе сум во политиката за да променам. За да променам како се води политика и како треба политичар да биде транспарентен и реално да функционира во системот – рече министерот во заминување Алиу.

Алиу истакна дека секој од нас, има обврска да придонесе во заедницата.

-И јас ќе продолжам така и во иднина, со тоа што го знам најдобро – нагласи Алиу.

Ценам, рече тој, дека ќе има континуитет здравството. Тој додаде дека е сигурен, оти новиот министер ќе продолжи со политиките коишто веќе ги имаат воспоставено затоа што, како што подвлече Алиу, досега креираните реформи биле системски и како такви и ќе продолжеле и во иднина.

– Ценам дека дигитализацијата е еден од клучните елементи коишто во здравството треба да се продолжи – одговори министерот Алиу на новинарско прашање.

Со реконструкцијата на Владата, ресорот здравство ќе го преземе досегашниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема правда за ЗНАМ, за Вреди преодна „шестка“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот