Падна индустриското производство, за пет месеци е намалено за 0,3 проценти

Индустриското производство во Македонија во мај 2026 година е намалено за два проценти во споредба со истиот месец минатата година, додека во периодот јануари – мај е забележан пад од 0,3 проценти во однос на истиот период лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Според статистиката, единствен раст на годишно ниво е регистриран во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, каде производството е зголемено за 6,1 процент. Истовремено, рударството и вадењето камен бележат пад од 3,6 проценти, а преработувачката индустрија е намалена за 2,6 проценти.

Најголем придонес кон мајскиот пад имаат намаленото производство на електрична опрема (7,8 проценти), машини и уреди (12,9 проценти), како и производството на моторни возила, приколки и полуприколки (2,3 проценти).

Негативните резултати во преработувачката индустрија се должат и на намаленото производство во повеќе гранки, меѓу кои се прехранбената индустрија и индустријата за пијалаци, производството на тутунски производи, текстил и облека, хемиската и фармацевтската индустрија, металопреработката, како и производството на електрична опрема, машини и моторни возила.

Според главните индустриски групи, раст во мај е забележан кај енергијата (6,5 проценти) и интермедијарните производи, освен енергија (3,4 проценти). Од друга страна, капиталните производи се намалени за 3,3 проценти, трајните производи за широка потрошувачка за 1,1 процент, а најголем пад е регистриран кај нетрајните производи за широка потрошувачка – 8,4 проценти.

Раст од индустриско производство за 4,1 отсто во јули

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот