Фото: Монтажа

Каја Калас се сретна со Ердоган во Анкара пред самитот на НАТО

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара за да разговараат за можно зајакнување на односите меѓу ЕУ и Турција, објави новинската агенција „ДПА“.

По средбата, Калас објави на „Икс“ дека Турција е „клучен партнер во безбедноста, во миграцијата и во енергијата, како и земја кандидат за членство во ЕУ“.

Таа наведе дека со турскиот претседател разговарала за војната на Русија против Украина, за конфликтите на Блискиот Исток и за подготовките за самитот на НАТО.

Турција, според неа, дава значаен придонес во заштитата на источниот фланг на НАТО.

На средбата со Ердоган, Калас беше придружувана од еврокомесарката за проширување, Марта Кос, и еврокомесарот за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер.

На приемот присуствувал и турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан.

Критики од организации за човекови права

Средбата се одржа неколку дена пред самитот на НАТО, кој е закажан за 7 и 8 јули во Анкара. Во пресрет на самитот имало бројни апсења, а во турскиот главен град од неделата е во сила и опсежна забрана за протести.

Организацијата за човекови права „Амнести Интернешнл“ ја критикуваше средбата на претставниците на ЕУ, одржана во време кога турските власти ги забрануваат протестите и ја ограничуваат слободата на медиумите.

„Економски партнерства во кои човековите права се жртвуваат не можат да одговорат на геополитичките проблеми на нашето време“, соопшти „Амнести Турција“ на „Икс“.

Турски активист уапсен во Анкара по говорот во Советот на Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот