Б.Нетанјаху

Нетанјаху до војниците во Либан: „Не се повлекуваме сè додека Хезболах е тука“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја посети либанската територија што е под контрола на израелската армија и порача дека Израел нема да се повлече од јужен Либан сè додека Хезболах претставува безбедносна закана, пренесе „Тајмс оф Израел“.

„Нема да го напуштиме јужен Либан сè додека заканата не биде отстранета. Додека Хезболах е присутен, вооружен и ни се заканува, ние ќе останеме тука“, изјави Нетанјаху за време на средбата со израелските војници.

Ова е прва посета на Нетанјаху на окупираната либанска територија откако минатата недела, со посредство на САД, Израел и Либан постигнаа безбедносен договор, според кој израелските сили треба да се повлечат од две подрачја и контролата да ѝ ја предадат на либанската армија.

За време на посетата, на Нетанјаху му се придружија министерот за одбрана Израел Кац и високи воени претставници.

Израелската армија воспостави тампон-зона долж границата со Либан, која, според израелските власти, е неопходна за заштита на северниот дел на земјата од напади на Хезболах.

Според податоците што ги изнесе Нетанјаху, Хезболах и натаму располага со околу 12.000 ракети и проектили, додека израелската армија тврди дека од почетокот на конфликтот убила околу 9.000 припадници на движењето.

Во израелската воена кампања во Либан, која започна во март, загинале повеќе од 4.000 Либанци, а повеќе од еден милион луѓе биле раселени.

Нетанјаху: Израелската војска ќе остане во јужен Либан колку што треба

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот