Во Србија откриени скандалозни пораки — поранешен претседател на ФСС подготвувал напад врз Видиќ?
Шифрирани комуникации до кои дошле новинари откриваат сериозни наводи дека поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза, наводно подготвувал кампања на закани и заплашување насочена кон легендарниот српски фудбалер Немања Видиќ, а во разговорите се споменуваат и планови за физички напади, па дури и ликвидација.
Препорачано
Според објавените информации, повод за ваквите планови биле јавните критики што Видиќ ги упатил кон тогашното раководство на ФСС по неуспехот на српската репрезентација да обезбеди пласман на Европското првенство во ноември 2020 година. Во преписките се наведува дека Кокеза стравувал дека поранешниот капитен на Србија би можел да се кандидира за челната позиција во Сојузот, поради што, наводно, почнал да бара поддршка од лица поврзани со навивачки и криминални структури.
Разговорите, водени преку денес веќе згаснатата енкриптирана платформа „Скај“, откриваат планови за вршење притисок врз Видиќ, негово заплашување и напади врз поранешни репрезентативци кои јавно застанале зад него. Иако идентитетот на сите учесници во преписката не е официјално потврден, содржината сугерира дека станува збор за истакнати навивачи на Црвена звезда и лица поврзани со српското подземје, што повторно ги отвора прашањата за врските меѓу фудбалот, организираниот криминал и политичките влијанија.
Во дел од пораките се споменуваат директни закани упатени кон Видиќ, со пораки дека треба да се повлече од фудбалската политика или ќе се соочи со сериозни последици. Според преписката, се разгледувале и закани кон неговото семејство доколку се обиде да ја преземе водечката функција во ФСС.
View this post on Instagram
Во друга комуникација, Кокеза наводно побарал од лице што го ословува како „кум“ да обезбеди луѓе во Милано, каде што во тоа време живеел Видиќ, за да извршат заплашување. Во одговор било наведено дека имаат контакти со „сериозни момци“, а подоцна било тврдено дека на автомобилот на поранешниот фудбалер бил поставен уред за следење.
Во пораките се разговара и за можноста преку финансиски надомест да се организира физичко заплашување со цел Видиќ да престане јавно да зборува и да се дистанцира од случувањата во Сојузот. Иако нема докази дека овие планови биле реализирани, содржината на комуникацијата покажува дека тие биле детално разработувани.
На 1 декември 2020 година, едно од лицата во преписката го известило Кокеза дека потенцијалните цели се лоцирани и побарало зелено светло за почеток на акцијата. Одговорот бил да се почека, со образложение дека не треба сè да се случи истовремено поради можниот јавен одек. Неколку дена подоцна, акцијата била ставена во мирување до нивна лична средба. Неколку месеци подоцна Кокеза поднесе оставка од функцијата претседател на ФСС.
Откако новинарите го запознале со содржината на преписките, Немања Видиќ изјавил дека никогаш не бил информиран за евентуалните планови за негово заплашување и дека надлежните институции во Србија не го предупредиле за таква закана.
„Ова е катастрофално и за општеството и за сите нас. Најголемата одговорност е кај полицијата, обвинителството, судството и кај оние што дозволуваат вакви луѓе да дојдат на позиции на моќ“, изјавил Видиќ.
ВИДЕО | Уште една драма на Мундијалот: Мароко по изведување пенали ја испрати дома Холандија
Што значи „викиншкото веслање“, со кое норвешките фудбалери ги прославуваат победите на СП 2026


