Фото: ФК Вардар

Вардар во Италија го победи шампионот на Сан Марино

Македонскиот шампион Вардар oдигра успешна проверка во Италија каде што со 3-2 го победи шампионот на Сан Марино, Виртус, на само седум дена пред првиот натпревар против Купс во квалификациите за Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ го одиграа четвртиот контролен натпревар за време на подготовките и ја запишаа третата победа. Најзаслужен за триумфот беше босанскиот интернационалец Горан Закариќ, кој имаше директен придонес во сите три погодоци на својот тим.

Вардар одлично го отвори натпреварот и веќе по 20 минути имаше предност од 2-0. Закариќ прво се запиша меѓу стрелците, а потоа асистираше за голот на Велковски, со кој беше поставен резултатот на полувремето.

Во продолжението, Виртус успеа брзо да се врати во игра и со два гола во периодот од 52. до 55. минута израмни на 2-2. Сепак, вардарци го имаа последниот збор. Во 80. минута Закариќ уште еднаш ја затресе мрежата, овојпат по асистенција на Пиреш и му ја донесе победата на македонскиот шампион.

Натпреварот помеѓу Вардар и Купс е закажан за 7 јуни, додека седум дена подоцна во Финска ќе се игра реваншот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот