Компири: Pixaby/Pexels

Дали компирите да ги ставите во врела или во ладна вода да се варат? Само на овој начин пирето ќе испадне најдобро

Варењето компири изгледа како една од наједноставните работи во кујната, но начинот на кој ќе ги ставите во водата влијае на нивниот вкус, текстура и количината на зачувани хранливи. Многумина се прашуваат дали компирот треба да се стави во ладна или во зовриена вода за готвење, а одговорот зависи од тоа што подготвувате.

Како правилно да се готви пире од компири?

Ако готвите компири исечени на парчиња за пире, кулинарските експерти препорачуваат да ги ставите во веќе зовриена вода, а не во ладна како што прават многумина.

На овој начин компирот задржува повеќе хранливи материи, а надворешниот слој побрзо се затвора, па затоа помалку витамини и минерали се елиминираат во текот на готвењето.

За пирето најдобро е да изберете сорти со поголема содржина на скроб, бидејќи се готват побрзо и даваат мека, воздушеста текстура. Парчињата компир варете ти околу 20 минути, односно додека вилушката без отпор не помине низ нив.

Како се вари компирот во лушпа?

За разлика од компирите за пире, компирот во лушпа треба да се стави во ладна вода, а потоа постепено да се загрева до вриење.

Водата треба да ги покрие компирите за околу три сантиметри. Овој начин на готвење овозможува да се зачуваат повеќе хранливи материи, особено калиумот, кој се наоѓа веднаш под лушпата.
За готвење во лушпа се препорачуваат сортите со помалку скроб, бидејќи потешко се распаѓаат во текот на готвењето.

Ако сакате да спречите пукање на лушпата, во водата можете да додадете една лажица оцет.

Најлесниот начин да проверите дали се сварени компирите е да ги прободете со чепкалка за заби или со вилушка. Ако лесно поминува низ средината, компирите се сварени.

Уште неколку корисни совети

За компирите да бидат совршено сварени секој пат, придржувајте се на овие правила:

– Користете тенџере со подебело дно за да не загорат компирите.
– Сипете само онолку вода колку што е потребно да ги покриете за околу три сантиметри.
– Посолете ја водата на почетокот на готвењето.
– Ако готвите компири со лушпа, нека бидат со приближно иста големина.
– Ако ги сечете за пире, проверете дали сите парчиња се со приближно иста големина за да рамномерно да се сварат.
– На крајот, ако правите пире, никогаш не додавајте ладно млеко. Тоа може да ја промени бојата на компирите и да го направи пирето помалку кремасто. Наместо тоа, загрејте го млекото, па дури потоа вмешајте го во компирите.

Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Макало од компири и праз

Не ја фрлајте кората од лубеница: Одлична е за здравјето, ја подобрува циркулацијата и потенцијата

Руски готвач откри 5 трикови за највкусни полнети пиперки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот