Големо понижување — сите пристигнаа на свадбата на годината на Тејлор Свифт, само Блејк Лајвли е на 500 километри
Додека Тејлор Свифт и Тревис Келси се подготвуваат за свадбата на годината во Њујорк со бројни славни гости, нејзината поранешна најдобра пријателка Блејк Лајвли со сопругот Рајан Рејнолдс се стотици километри далеку. од случувањата. Заладувањето на односите помеѓу Тејлор и Блејк поради болната правна драма што ја води актерката со Џастин Балдони си го направи своето, па долгогодишните пријателки сега комуницираат исклучиво преку адвокати.
Препорачано
Пред гламурозната свадба што се случува денеска во Медисон Сквер Гарден, Тејлор Свифт и ѕвездата на американскиот фудбал Тревис Келс организираа пробна вечера на која пристигнаа Селена Гомез, Џек Антоноф, Лена Данам и бројни други ѕвезди. Во тоа време, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс биле забележани во северниот дел на Њујорк како присуствуваат на натпреварот во коњички спорт на нивната ќерка.
Според фотографиите објавени од Ти-ем-зет, славниот пар вчера ја бодрел шестгодишната ќерка Бети на локална фарма во Лејк Плесид, оддалечена 500 километри од свадбата во Њујорк. Додека девојчето освојувало награди во јавање, холивудската елита се собрала во Њујорк за да го прослави бракот на поп-ѕвездата и спортистот, кои се свршија во август минатата година. Љубовната приказна на пејачката и ѕвездата на НФЛ добива среќен крај, но без важна личност од минатото на Тејлор.
Иако Тејлор е кума на ќерките на Блејк и Рајан и често ги споменувала во своите хитови, нивниот однос почна да се распаѓа во мај 2025 година. Пријателството „пукна“ поради правната битка што Блејк Лајвли ја води со колегата од филмот „Ова завршува со нас“ (It Ends with Us) , Џастин Балдони, а работите кулминираа кога адвокатите на Балдони ѝ доставија на пејачката судска покана, па во јануари оваа година, приватните пораки меѓу Тејлор и Блејк протекоа во јавноста.
„Тејлор само сакаше да биде пријателки, но сè се претвори во нешто многу поголемо од она што го очекуваше. Не можеше ни да замисли дека нејзините приватни пораки ќе станат јавни, а сега само сака да се оддалечи од драмата“, откри извор за списанието „Пипл“.
Поради сето ова, воопшто не е изненадувачки што нема место за некогаш блиски пријатели на свадбата на Тејлор и Тревис.
Тејлор Свифт на суд? Правната драма помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони добива неочекуван пресврт


